Објави (вести)

03.03.2003



Измените и дополнувањата на Правилата на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје се одобрени од страна на Комисијата за хартии од вредност на седницата одржана во Февруари 2003 година.

Основните дополнувања се однесуваат на тргувањето со ограничени акции што е регулирано со новата точка 4.11.

Останатите измени и дополнувања не се од суштински карактер, туку се вметнати заради подобрување на текстот на Правилата.


06.01.2003



ЦДХВ согласно Законот за хартии од вредност и Правилата за негова работа, ги известува сопствениците на хартии од вредност што имаат акции само во едно акционерско друштво, дека своите Изводи од сметките за хартии од вредност можат да ги подигнат од соодветното акционерско друштво после 31.01.2003 година.

Сите сопственици на хартии од вредност што имаат акции во повеќе акционерски друштва, односно други хартии од вредност, своите Изводи од сметките за хартии од вредност, ќе ги добијат по пошта на домашна адреса.


10.07.2002



Во ЦДХВ се регистрирани конвертибилни сертификати.

На Македонската Берза за Хартии од вредност официјално почна тргувањето со овој тип на сертификати.