Објави (вести)

Информација

Согласно донесените заклучоци на Владата на Република Северна Македонија со кои 24 април (среда) и 8 мај (среда) се определуваат за неработни денови поради распишување на избори за претседател на Република Северна Македонија и избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија., ве известуваме дека 24.04.2024 година (среда) и 08.05.2024 година (среда)  се неработни денови за Депозитарот, поради што порамнувањето на берзанските трансакции ќе се одвива во деновите како што е наведено подолу.

 АПРИЛ

Ден на тргување

Ден на порамнување

22.04.2024

25.04.2024

23.04.2024

26.04.2024

МАЈ

Ден на тргување

Ден на порамнување

02.05.2024

09.05.2024

07.05.2024

10.05.2024

Посета на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје

На 22.03.2024 година во посета на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје беа ученици од завршна година под менторство на своите професори од Средното економско и правно училиште ,,Кузман Јосифоски -Питу“ од Прилеп.

Учениците беа запознаени со надлежноста на Депозитарот, организациската поставеност, начинот на кој Депозитарот ги врши своите функции со појаснување на постапката за регистрирање на нови акционерски друштва во системот на Депозитарот, регистрирање на нови емисии на хартии од вредност, доделување на единствен ISIN број и начинот на утврдување и порамнување на склучените трговски трансакции со хартии од вредност. Депозитарот изврши и презентирање на чекорите кои се преземаат во постапките за спроведување на нетрговски преноси со хартии од вредност, врз основа на склучени договори за дар, наследни решенија, судски одлуки и сл.

Посета на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје

На 14.02.2024 година во посета на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје беа ученици од завршна година под менторство на својот професор од Средното економско и правно училиште “Васил Антевски-Дрен“ од Скопје.