Објави (вести)

Плакети за МФ и КХВ по повод јубилејот на Централниот депозитар за хартии од вредност



По повод 20 години од основањето на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, институцијата во услови на пандемија почна со активности за одбележување на овој значаен јубилеј. Извршната директорка Даринка Дамјановиќ им додели плакети на министерот за финансии, Фатмир Бесими и на претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Нора Алити.
Прочитајте повеќе...


09.09.2021



Со цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава, Берзата на 13.09.2021 година (понеделник), по втор пат го организира настанот „Инвеститорски ден“. Оваа иницијатива ја прифатија и во неа активно се вклучија Централниот депозитар за хартии од вредност и осум членки на Берзата и ЦДХВ, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност. „Инвеститорскиот ден“ ќе се одржи на 13 септември (понеделник) 2021 година. Одржувањето на „Инвеститорскиот ден“ значи дека на тој ден на тргување на Берзата сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници. Поконкретно, на „Инвеститорскиот ден“ сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива, при што ќе треба да бидат исполнети следните услови:

  • Инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од подолу наведените членки на Берзата;
  • Износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен;
  • Трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

Следните осум членки на Берзата го поддржуваат „Инвеститорскиот ден“:


13.08.2021



Политики за приватност

 

Политика за приватност на субјектите на личните податоци кои се иматели на хартии од вредност