Нова членка
Ве известуваме дека на 13.11.2024 година Халк Банка АД Скопје започна со функционирање како членка- берзански посредник и членка-чувар.
Информација
Ве известуваме дека врз основа на Одлуката бр.02-3242/4 донесена на 18.09.2024 година од страна на Одборот на директори на Депозитарот, Халк Банка АД Скопје е примена во членство во Депозитарот, во својство на берзански посредник и членка-чувар.
За датумот на започнување со функционирање на Халк Банка АД Скопје како берзански посредник ќе следи дополнително известување.
Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, согласно член 32 став 2) од Законот за хартии од вредност, за издавачите на хартии од вредност, како дополнителна услуга може да врши пресметка и исплата на дивиденда и/или камата, за што Депозитарот склучува договор со издавачот. Акционерите на издавачите кои исплатуваат дивиденда преку Депозитарот, потребно е до Депозитарот да достават податок за платежна сметка во банка, преку која ќе се врши исплатата на дивидентата. Ажурирањето на овој податок Депозитарот ќе го изврши врз основа на пополнет Образец од страна на акционерот и доставен во писарницата на Депозитарот, или испратен по пошта на следната адреса: Бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, П.Фах. 274, Скопје.