Објави (вести)



📢 Нова граѓанска обврзница – уште една можност за граѓаните да инвестираат во домашни хартии од вредност На 19.12.2025 година, во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје е регистрирана третата граѓанска обврзница со ознака ДО2025/27-1227 и ISIN број MKMINF20GCP4.

🔹 Вкупен износ: 2,03 милијарди денари

🔹 Број на иматели: 1.511 граѓани

🔹 Каматна стапка: 4,5% годишно

🔹 Исплата на камата: 19.12.2026 и 19.12.2027

🔹 Исплата на главница: 19.12.2027

📬 До сите иматели ќе биде испратен извод од сметка за хартии од вредност по пошта, во рок од пет работни дена од регистрацијата.

Граѓанските обврзници се едноставен и безбеден начин за штедење и инвестирање, со јасно дефинирани услови и сигурна исплата. #ГраѓанскаОбврзница #Инвестирањето е #Штедење #ФинансискаПисменост

 

 




Во рамките на „Деновите на финансиска писменост“, на ден 27.11.2025 година, во посета на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје беа ученици и нивни професори од Средното училиште “Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

Учениците беа запознаени со надлежноста на Депозитарот, организациската поставеност, начинот на кој Депозитарот ги врши своите функции со појаснување на постапката за регистрирање на нови акционерски друштва во системот на Депозитарот, регистрирање на нови емисии на хартии од вредност (акции и обврзници), доделување на единствен ISIN број и начинот на утврдување и порамнување на склучените трговски трансакции со хартии од вредност. Депозитарот изврши и презентирање на дел од извештаите кои најчесто ги издава на барање на имателите и издавачите на хартии од вредност, како и чекорите кои се преземаат во постапките за спроведување на нетрговски преноси со хартии од вредност, врз основа на склучени договори за дар, наследни решенија и сл.  

Целта на овие презентации, како поддршка на заедничкиот проект на финансиските институции „Денови на финансиската писменост“ е да се запознаат учениците со можностите и придобивките од инвестирање во хартии од вредност, значењето на финансиската едукација како еден од клучните елементи во процесот на инвестирање, улогата на Депозитарот во поглед на сигурно и безбедно чување на хартиите од вредност и улогата на останатите институции, како неоходни чинители во функционирањето на системот на пазарот на капитал воопшто.


Нова членка



Ве известуваме дека на 13.11.2024 година Халк Банка АД Скопје започна со функционирање како членка- берзански посредник и членка-чувар.